За Проектот
Струмица е една од економски поразвиените општини во југоисточна Македонија, позната по земјоделство, прехранбена индустрија и растечка услужна економија. Но, и покрај тоа, младите се соочуваат со сериозни предизвици при нивната економска интеграција.
Општина Струмица се соочува со сериозен предизвик – висока младинска невработеност од 36,7%, што е значително над националниот просек (27.5%) и претставува сериозен социо-економски предизвик.
Оваа состојба е резултат на ограничена диверзификација на економијата, силна зависност од сезонско земјоделство и туризам, како и недостиг на системска поддршка за младинско претприемништво. Последиците се масовна миграција на младите, губење на креативен потенцијал и намалено активно граѓанство. Со ова младите се директно засегнати – живеат во средина со ограничени можности, но покажуваат висока мотивација и подготвеност за промена доколку добијат поддршка.
Сепак, постојат и значајни можности: развој на зелени и иновативни социјални претпријатија (органско земјоделство, рециклажа, еко-туризам), инклузија на ранливи групи и партнерства со локалната самоуправа и бизнисите.
Преку формирање младински хаб, како „GreenHUB4IDEA“сакаме да ги потикнеме младите да направат промени во општеството, да се здружат околу некоја идеја односно хабот да биде место каде што ќе доаѓаат луѓе со идеи.
Дополнително младите ќе добијат пристап до обуки, менторство и мрежи што ќе им овозможат да ги претворат своите идеи во одржливи социјални претпријатија, со што ќе се намали невработеноста и ќе се промовира зелената агенда
Во проектот „GreenHUB4IDEA“ потенцијални учесници се млади лица (15 –29 години) од Општина Струмица и од останатите општини од југоистокот, со акцент на ранливи категории – жени, Роми, лица со попреченост и долгорочно невработени млади.
Оваа целна група ја одбравме бидејќи тие се најпогодени од високата стапка на невработеност (36,7%) и имаат ограничен пристап до можности за работа и развој.
Во проектот ќе бидат вклучени и средношколци од Општина Струмица (ученици од трите средни училишта: СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Влахов“), бидејќи средношколците се на прагот на влез на пазарот на труд и претставуваат клучна група за рана едукација во областа на претприемништво и зелени вештини
ЈАВЕН ПОВИК Натпревар за ЗЕЛЕНИ БИЗНИС ИДЕИ Организатор: Здружение Проагро Фармери Проект: GREENHUB4IDEA Датум на одржување: 28 Април 2026, 11часот Место: Младински Центар – Струмица Рок за пријавување: 22 Април 2026 1. ЗА НАТПРЕВАРОТ Здружението Проагро Фармери, во рамките на проектот GREENHUB4IDEA, Ве поканува да учествувате на натпреварот за Зелени Бизнис Идеи – настан наменет за сите средношколци од Струмица…
Во рамките на активностите за поддршка на млади претприемачи, на 03 Април, во просториите на greenhub4idea беше организирана и одржана работилница посветена на дигиталниот маркетинг. Работилницата имаше за цел практична и теоретска подготовка на учесниците, со акцент на стекнување на клучни бизнис-компетенции потребни за претстојниот натпревар за бизнис идеи. На оваа работилница учесниците беа запознаени со основите на дигиталниот маркетинг…
Во рамки на проектот „GreenHUB4IDEA – Центар за младинско социјално претприемништво“, на ден 27 март 2026 година во просториите на GreenHUB4IDEA во Струмица успешно се реализираше работилница на тема социјално претприемништво. Оваа активност беше дел од подготвителниот процес за претстојниот натпревар за зелени бизнис идеи, со цел да им се овозможи на младите учесници да стекнат основни знаења и вештини…
GREENHUB4IDEA е дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
